Search


Ѓоковиќ паѓа на АТП листата, Зверев поблиску до Алкарас
08.06.2026 Juni Ponedelnik Вчера беше заокружен вториот грен слем за оваа календарска година и тоа со триумф на Александер Зверев на Ролан Гарос. Зверев конечно дојде до триумф на најважните четири турнири, титула на грен слемовите со што го разби проклетството и останува да видиме дали ова ќе му донесе дополнителна самодоверба и ќе може да нападне, освои нов пехар од ова ниво во наредниов период. Ова славје и понатаму го остава Германецот на третото место на најновата листа
Aleksandar Santovski
Jun 91 min read


у-Ес Опен најави спектакл за фановите: Големиот Федерер се враќа и ќе заигра на „Артур Еш
08.06.2026 Juni Ponedelnik Рожер Федерер е последниот тенисер кој ја има одбрането титулата на Ју-Ес Опен и тој рекорд ретко дека некој ќе може да му го собори, бидејќи Швајцарецот ја освојуваше титулата во Њујорк пет години во низа, од 2004-та до 2008-ма година. Тенискиот маестро од Базел испиша неверојатно историја во Њујорк, а како легенда која последниот официјален настап го имаше во 2019-та година, повредите направија да не се одјави онака како што замислува. Поради тоа,
Aleksandar Santovski
Jun 91 min read


Официјално: Вардар го промовираше најдобриот играч на Силекс како второ големо летно засилување
08.06.2026 Juni Ponedelnik Вардар стави крај на својот краток одмор и веќе денеска ги започна подготовките за тоа што следи, односно европските возбудувања ова лето како македонски шампион. Најдобриот тим во Македонија за сезоната која измина најави неколку важни засилувања до почетокот на евро-обврските, а првиот работен ден во месец јуни го стартуваше со голема „бомба“. Вардар потврди дека го ангажира најдобриот играч од редовите на Силекс како големо засилување за ова лето
Aleksandar Santovski
Jun 91 min read


Ериксен испрати прва порака откако одново ги шокираше фановите: Ме заштити уредот кој го вградивме пред пет години
08.06.2026 Juni Ponedelnik Кристијан Ериксен успешно се опоравува од колапсот кој го доживеа на вчерашниот пријателски натпревар против Украина, а после објавата која ја имаше данскиот доктор за неговата стабилна состојба, сега самиот фудбалер се огласи преку социјалните мрежи. Ериксен откри дека ја напуштил болницата во Оденсе и дека е пуштен на домашно лекување, па сега ќе мине краток период надвор од фудбалските терени, заедно со своето семејство на летен одмор. Данскиот и
Aleksandar Santovski
Jun 92 min read


Лебеф и Саха имаат идеално засилување за Јунајтед: Никогаш не се жали, напорно работи…
08.06.2026 Juni Ponedelnik Манчестер Јунајтед треба да има активно трансфер лето и да донесе неколку играчи со кои ќе се зголеми квалитетот во сите линии во екипата. Ова ќе биде прв посериозен предизвик за менаџерот Мајкл Керик кој ќе може да ги избере фудбалерите кои најдобро би се вклопиле во системот што го практикува, а во исто време на клубот би му донеле резултати. Информациите се дека Јунајтед веќе го договорил Едерсон од Аталанта и дека само прашање е на време кога оф
Aleksandar Santovski
Jun 92 min read


Олисе со страшен гол комплетираше хет-трик, Франција со победа патува на мундијалот
08.06.2026 Juni Ponedelnik По шокот и поразот од Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дешамп се одлучи за доста посериозна стартна постав и го извади речиси сиот напаѓачки Арсенал вечерва во Лил, а убедливо најрасположен за игра беше Мајкл Олисе. Ѕвездата на Баерн зад себе остави страшна сезона на клупски план, а очигледно планира да продолжи по истите стапки и настапувајќи за репрезентацијата. Франција ја положи контролата против Северна Ирска и со победа од 3:1 патува на мундиј
Aleksandar Santovski
Jun 91 min read


Соработката е продолжена: Вардар добива милион евра од „Новоматик Македонија“
08.06.2026 Juni Ponedelnik Вардар и во новата сезона ќе има сериозен спонзор, фирма која ќе биде еден од столбовите за клубот да има добри резултати и да ги нападне сите титули на домашната сцена. Имено обновена е соработката со „Новоматик Македонија“, па „црвено-црните“ ќе добијат поддршка од милион евра. -Дозволете на почетокот во името на менаџментот на клубот, играчите и навивачите да упатам благодарнот што Новоматик Македонија беа со нас кога ја почнавме најтешката битка
Aleksandar Santovski
Jun 91 min read


Бразилците објавија ново соопштение за состојбата на Нејмар пред завршните подготовки за СП
08.06.2026 Juni Ponedelnik Бразил ги остави зад себе двата теста против Панама и Египет и се насочува кон Светското првенство, турнир од кој фудбалските фанови ги делат само три дена. Мундијалот во САД, Мексико и Канада ќе започне на 11-ти јуни, а три дена подоцна, Бразил ќе го игра својот прв меч на ова натпреварување и ќе се соочи со Мароко. На шест дена пред премиерата за „кариоките“, бразислката Конфедерација излезе со нова вест за Нејмар и неговата повреда, но иако рехаб
Aleksandar Santovski
Jun 91 min read


Македонија се покажа како добар домаќин на ФИБА проектот: Европската минибаскет конвенција нуди поглед во светла иднина
08.06.2026 Juni Ponedelnik Масовниот четиридневен настан на ФИБА, Европската минибаскет конвенција и курс за тренери, заврши со огромен минабаскет хепенинг во неделата во Скопје. Конвенцијата, која е годишен настан организиран од ФИБА Европа во соработка со програмата „Кошарка за добро“ на Фондацијата ФИБА, по прв пат беше домаќин на Кошаркарската федерација на Македонија. На фестивалот учествуваа над 300 деца од 50 младински клубови, кои се натпреваруваа и учествуваа во разл
Aleksandar Santovski
Jun 92 min read


„Супер Марио Галакси“ е првиот филм годинава што заработи повеќе од милијарда долари – ги надмина „Мајкл“ и „Ѓаволот носи Прада 2“
08.06.2026 Juni Ponedelnik Анимираниот филм „Супер Марио Галакси“ ја надмина границата од една милијарда долари заработка во кината ширум светот, со што стана првото филмско остварување во 2026 година на кое му успеа ваков подвиг, пренесува „Дедлајн“. Станува збор за филмска адаптација на една од најпознатите видеоигри во светот, создадена во соработка меѓу студијата „Јуниверзал пикчерс“, „Илуминација“ и јапонската компанија „Нинтендо“. Буџетот за продукција изнесувал 110 мил
Aleksandar Santovski
Jun 91 min read


ФОТО | Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас уживаат во Монако — холивудскиот пар е во љубов и по 25 години брак
08.06.2026 juni Ponedelnik Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас уживаа во сончевото време во Монако за време на викендот посветен на Големата награда во Формула 1, кој традиционално привлекува бројни светски ѕвезди. Педесет и шестгодишната актерка сподели селфи на кое позира со својот сопруг на брод, додека во позадина се гледа живописниот пејзаж на Монако. Двајцата се насмеани, со шешири и темни очила за сонце. Ѕвездата од серијата „Венздеј“ (Wednesday) фотографијата ја објави со
Aleksandar Santovski
Jun 92 min read


Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут фото и видео
08.06.2026 juni Ponedelnik Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и публика што заедно со неа ги пее најголемите хитови, Бојана Скендеровски не запира. По концертите во повеќе градови низ земјата, а непосредно по емотивната вечер во Тетово, Бојана носи нова музичка приказна, песната со наслов „Оди си“. Станува збор за композиција што уште на прво слушање носи ритам, став и енергија, но и препознатливата емоција што Бојана ја носи со себ
Aleksandar Santovski
Jun 92 min read


Tribeca NY: Скејтањето е за девојчиња, а филмот е за жени како Дина Дума и Лабина Митевска
08.06.2026 Juni Ponedelnik Синоќа, на Менхетен се прикажа “Скејтбордингот не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума, кој е првиот македонски филм кој имал место на филмскиот фестивал Tribeca, Њујорк. Американската премиера на филмот во рамките на фестивалот основан од Роберт де Ниро, се одвиваше пред преполна сала и со долга сесија на прашања и одговори, но и пофалби и комплименти за режисерката Дина Дума. Богатата дискусија после проекцијата разви емотивна и прекрасна атмос
Aleksandar Santovski
Jun 91 min read


Ансамблот на народни песни и ора „Орце Николов“ во Македонско село ќе ја реализира првата дигитална изложба на фотографии
08.06.2026 Juni Ponedelnik Ансамблот за народни песни и ора „Орце Николов“ денеска ќе ја реализира првата дигитална изложба на фотографии под наслов „Во ритамот на народот“ во комплексот Македонско село. Изложбата ќе биде проследена со кратки видеа кои ја доловуваат богатата традиција и културното наследство на народот. Посетителите ќе имаат можност, покрај дигиталната презентација, да уживаат и во живи изведби. Членовите од првиот ансамбл на „Орце Николов“ ќе приредат ревија
Aleksandar Santovski
Jun 91 min read


Виолин фест се заокружува со свечен концерт во Скопје на 12 јуни
08.06.2026 juni Ponedelnik По успешните фестивалски настани во Прилеп и Струмица, Виолин фест 2026 ќе биде заокружен со свечен концерт во Скопје на 12 јуни во Камерната сала на Македонска филхармонија во Скопје. На финалната фестивалска вечер ќе настапат 13 млади виолинисти од државата, како и гости од Србија, Косово и В. Британија, кои пред публиката ќе ги претстават своите музички достигнувања преку дела од познати композитори и богата концертна програма. Сите учесници ќе б
Aleksandar Santovski
Jun 91 min read




