top of page

Официјално: Вардар го промовираше најдобриот играч на Силекс како второ големо летно засилување

08.06.2026 Juni Ponedelnik

Вардар стави крај на својот краток одмор и веќе денеска ги започна подготовките за тоа што следи, односно европските возбудувања ова лето како македонски шампион.

Најдобриот тим во Македонија за сезоната која измина најави неколку важни засилувања до почетокот на евро-обврските, а првиот работен ден во месец јуни го стартуваше со голема „бомба“.

Вардар потврди дека го ангажира најдобриот играч од редовите на Силекс како големо засилување за ова лето, но и за цела натпреварувачка сезона која следи.

Македонскиот првак се пофали со потписот на Мигуел Пиреш и го потврди како второ официјално засилување за новата сезона после Жерсон Родригез, што воедно е продолжение и на операциите кои донесоа нови договори за Методија Велковски, Ненан Мишковски, Филип Дурански и Горан Закариќ.

Пиреш беше еден од најдобрите играчи во Првата лига изминатава сезона, бидејќи 29-годишниот фудбалер ја заврши кампањата со 11 голови и 4 асистенции.


 
 
 

Comments


bottom of page