top of page

у-Ес Опен најави спектакл за фановите: Големиот Федерер се враќа и ќе заигра на „Артур Еш

08.06.2026 Juni Ponedelnik

Рожер Федерер е последниот тенисер кој ја има одбрането титулата на Ју-Ес Опен и тој рекорд ретко дека некој ќе може да му го собори, бидејќи Швајцарецот ја освојуваше титулата во Њујорк пет години во низа, од 2004-та до 2008-ма година.

Тенискиот маестро од Базел испиша неверојатно историја во Њујорк, а како легенда која последниот официјален настап го имаше во 2019-та година, повредите направија да не се одјави онака како што замислува.

Поради тоа, Ју-Ес Опен планира да го вметне во куќата на славните во месец септември, но пред да дојде до тоа, организираше настан кој веднаш ги возбуди тениските фанови.

Американскиот грен слем најави специјален спектакл во чест на швајцарскиот маестро, кој на 25-ти август ќе има ексклузивен настап на „Артур Еш“ стадионот.

Федерер ќе игра егизбиција во игра на двојки, а друштво ќе му прават Енди Родик, Џон Мекинро и Андре Агаси.

Рожер ќе има одлична шанса да се дружи со своите пријатели и легенди на тенисот, а мечот ќе се одигра на 25-ти август, односно во неделата кога ќе се играат квалификации за главниот турнир кој ќе почне на 31-ви август.


 
 
 

Comments


bottom of page