Олисе со страшен гол комплетираше хет-трик, Франција со победа патува на мундијалот
- Aleksandar Santovski
- 7 days ago
- 1 min read
08.06.2026 Juni Ponedelnik
По шокот и поразот од Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дешамп се одлучи за доста посериозна стартна постав и го извади речиси сиот напаѓачки Арсенал вечерва во Лил, а убедливо најрасположен за игра беше Мајкл Олисе.
Ѕвездата на Баерн зад себе остави страшна сезона на клупски план, а очигледно планира да продолжи по истите стапки и настапувајќи за репрезентацијата.
Франција ја положи контролата против Северна Ирска и со победа од 3:1 патува на мундијалот, пред се благодарение на Олисе кој не само што постигна три гола, туку беше најрасположен и за разигрување на своите соиграчи.
Олисе го отвори резултатот во првото полувреме и погоди едноставно од непосредна близина, потоа зголеми на 2:0 на стартот на вториот дел, но најдоброто го сочува за крај.
Северна Ирска се врати во игра преку голот на Кели, но Олисе одговори и во 75-та минута со мајсторија ги постави конечните 3:1.






Comments