top of page

Бразилците објавија ново соопштение за состојбата на Нејмар пред завршните подготовки за СП

08.06.2026 Juni Ponedelnik

Бразил ги остави зад себе двата теста против Панама и Египет и се насочува кон Светското првенство, турнир од кој фудбалските фанови ги делат само три дена.

Мундијалот во САД, Мексико и Канада ќе започне на 11-ти јуни, а три дена подоцна, Бразил ќе го игра својот прв меч на ова натпреварување и ќе се соочи со Мароко.

На шест дена пред премиерата за „кариоките“, бразислката Конфедерација излезе со нова вест за Нејмар и неговата повреда, но иако рехабилитацијата тече во посакуван правец, ѕвездата на Сантош се уште останува неизвесна за првиот меч.

– Нејмар подлегна на магнетна резонанца во текот на денешниот ден и тестовите покажаа дека третманот дава посакувана еволуција според очекуваните параметри.

– Тој ќе продолжи со рехабилитацијата и ќе ги следи чекорите заедно со медицинскиот тим во деновите кои следат, – порачаа Бразилците.

Ова значи дека Нејмар треба набрзо да го надмине проблемот со мускулот кој направи да ги пропушти двата тест натпревари, а Анчелоти ќе биде тој што ќе одлучува кога и како ќе се врати напаѓачот во тимот на Бразил.


 
 
 

Comments


bottom of page