Search
Џенифер Лопез го носи свршеничкиот прстен од Родригез во нова реклама за „Џеј Ло бјути“
Таа е во нова романса откако ја прекина свршувачката пред само неколку недели. Но, се чини дека Џенифер Лопез сака да задржи малку од минатото со оглед на тоа што сè уште го носи дијамантскиот прстен од екссвршеникот Алекс Родригез во новата реклама за сопствениот бренд JLo Beauty. 51-годишната пејачка и актерка неодамна ја обнови врската со Бен Афлек, но извори за US Weekly изјавија дека новиот пар не сака да прејудицира ништо со ставање етикети. Латино нивата очигледно ја штити повторно разгорената романса со Бен и не сака да расипе ништо со изјави во јавност, коментираат медиумите.
Comments