top of page

Анчелоти пред круцијалните два месеци: Некои се изморени од моето лице, но…

09.04.2025 April Sreda

Карло Анчелоти ќе се бори за својот статус во Реал Мадрид во последните два месеци од актуелната натпреварувачка сезона, бидејќи и самиот е свесен дека ќе стане минато на „Сантијаго Бернабеу“ доколку не освои ниту една титула во круцијалниот период кој следи.

Реал се пласираше во финалето во Купот, направи чекор назад во битката за титулата во Ла Лига, па во овој момент, многу важни за „кралевите“ ќе бидат двата меча против Арсенал во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Анчелоти може да се доведе во ситуација да ја спасува сезона со трофејот во најелитното европско натпреварување, а пред двомечот со „топчиите“, новинарите го запрашаа дали е свесен за опасноста која може да му ја донесе евентуална елиминација.

– Верувам дека ќе освоиме титули во наредните два месеци, ако не беше така, сега немаше да бидам тука и ќе си го планирав летниот одмор. Мора да се обидеме да освоиме најмногу што можеме.

– Знам дека некои луѓе се изморени да го гледаат моето лице на клупата на Реал, но најважно е тоа што не се измори најважниот човек во клубот. Флорентино се уште не е изморен од мене, се надевам дека така и ќе остане, – изјави Анчелоти.


 
 
 

Comentarios


bottom of page