top of page

Победа на Македонија во првото коло тенис

09.04.2025 April Sreda

ТЕНИС – КУП „БИЛИ ЏИН КИНГ“

Македонската репрезентација со победа на дуелот со Јужна Африка со 2-1 го почна настапот на купот „Били Џин Кинг“ за тенисерки, во втората група на Евроафриканската зона, која се игра во Ларнака (Кипар), на терени со тврда подлога.Во групата Ц за Македонија, за која следуваат натпреварите со репрезентациите на Норвешка и на Косово, настапуваат Лина Ѓорческа, Магдалена Стоилковска, Јана Божиновска и Ана Митевска, а селектор е Димитар Лабудовиќ. Македонската селекција во 2023 година победи во групата три во европската зона и се пласира еден ранг погоре, во втората група на Евроафриканската зона.Во другите две групи од ова натпреварување годинава се репрезентациите на Бугарија, Израел и на Египет во групата А, како и БиХ, Грузија, Кипар и Естонија во групата Б. Според пропозициите, двете најдобри селекции од целиот турнир на втората група на Евроафриканска зона ќе се пласираат во групата еден на таа зона. Н.М.


 
 
 

Comments


bottom of page