top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ќерката на принцот Едвард омилена внука на кралицата Елизабета

20.04.2021 April Vtornik

Кралицата Елизабета има осум внуци, а некои од нив речиси воопшто не се појавуваат во медиумите. Новинарите се најмногу заинтересирани за животот на принцовите Хари и Вилијам, а нивните роднини се запоставени во таблоидите. Леди Луиз Виндзор, ќерка на принцот Едвард, за која одамна се зборува дека е омилена внука на кралицата Елизабета, никогаш не била во центарот на вниманието на медиумите. Нејзиниот дедо, принцот Филип, во својот тестамент ѝ остави коњи и кочија и таа беше меѓу 30-те најблиски луѓе поканети на кралскиот погреб. Леди Луиз Виндзор нема титула принцеза иако таа ѝ припаѓа по раѓање бидејќи е внука на кралицата. Нејзините родители, принцот Едвард и грофицата Софи, ја одбија титулата за својата ќерка. Луиз е родена 2003 година и била недоносче поради што имала здравствени проблеми и неколку операции. Таа наводно е многу внимателна кон баба си и кон целото семејство и е среќна што ги чува децата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам кога се на одмор со кралицата. Кралицата ја обожава и нејзината мајка Софи, грофицата од Весекс. Принцот Едвард е единственото дете на кралицата што не поминало низ развод, а принцот и грофицата се во брак 21 година.




1 view

Comments


bottom of page