top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Шварценегер се враќа во градинка да обучува мали суперхерои

20.04.2021 April Vtornik

Арнолд Шварценегер треба да се врати назад во училница во градинка – овој пат во анимиран размер. 73-годишната ѕвезда на „Полицаецот од градинката“ (1990) го најави својот нов проект – еден од последните концепти што произлегоа од умот на покојната легенда на стрипот Стен Ли. Станува збор за серија цртани филмови за деца под наслов Superhero Kindergarten („Градинка за суперхерои“). Подготвен да го води проектот како поранешен суперхерој а сега учител кој има за задача да ја обучува следната генерација суперхерои, Арнолд твитна дека е многу возбуден пред премиерата на 23 април. „За четири дена конечно можете да видите на што работев! Едвај чекам да му ја покажам на светот градинката за суперхерои. Овој петок на kartoonchannel.com “, напиша тој во најавата на Твитер.




1 view

Comments


bottom of page