Search
Шакира ги продаде правата на своите песни
14.01.2021 Јануари Четврток Шакира e последна во низата уметници кои ги продаваат правата на својата музика за сума од повеќе милиони долари. Целиот опус – 145 нејзини песни – вклучително и Hips Don’t Lie, Whenever, Whenever и She Wolf, се вклучени во договорот. Песните ја направија најпродавана жена латино-уметник на сите времиња, со продадени 80 милиони плочи во светски рамки. Договорот е склучен со инвестициската компанија „Хипгнозис сонг фанд“, која исто така неодамна ја купи музиката на Блонди и Нил Јанг.
Comments