top of page

Хелен Мирен ќе глуми негативец во „Шазам: Бесот на боговите“

24.03.2021 mart sreda Харизматичната оскаровка Хелен Мирен се придружи на актерската екипа на претстојниот филм на „Ди-си комикс“, каде што ќе ја глуми злобната Хеспера, ќерка на Атлас, според официјалниот опис на филмот. Како што пренесува The Wrap, малку се знае за Хеспера во универзумот на „Ди-си комикс“, но Атлас е име на неколку ликови инспирирани од Титанот на страрогрчката митологија. Филмот е продолжение на „Шазам!“ од 2019 година – акција, адаптација на стрип – и ќе ја проследи приказната за тинејџерот Били Бетсон, кој откако ќе го изговори магичниот збор Shazam го погодува жива молња на боговите и тој се трансформира во возрасен суперхерој, Шазам. Заедно со Хелен, Ашер Ејнџел ќе се врати како момчето Били, додека Захари Леви повторно ќе го игра титуларниот суперхерој.



 
 
 

Kommentarer


bottom of page