top of page

Јокиќ за планот за подготовка за Клиперс: Ќе се одмарам на базен…

15.04.2025 April Vtornik

Екипата на Денвер Нагетс со сигурна партија на гостувањето кај Хјустон Рокетс (126:111) го обезбеди четвртото место во западната конференција, позиција која значи дека во првата плејоф рунда ќе се соочи со Лос Анџелес Клиперс.

Ова дефинитивно ќе биде сериозен предизвик за составот од Колорадо чиј најдобар играч Никола Јокиќ сака прво кратко да се одмори, да собери сили, па да се фокусира на обврските во разигрувањето за пехарот.

-Многу е важно што првите натпревари ќе ги играме пред нашата публика. Јас му се радувам на одморот, ќе имаме можност неколку дена да се опуштиме во базенот под сонцето, -порача Јокиќ во негов стил.

Ако Нагетс го минат клубот од Лос Анџелес, тогаш во втората рунда ќе играат со подобриот од Оклахома и екипата која допрва ќе ја обезбеди позицијата број осум.


 
 
 

Commentaires


bottom of page