top of page

Познати се групите во Купот на Македонија: Вардар, Пелистер и Алкалоид ги добија ривалите на патот до Ф4

15.04.2025 April Vtornik

Останува да се мине уште една фаза до завршниот турнир во Купот на Македонија, фаза за која познатите се групите во кои фаворитската улога ќе ја имаат Алкалоид, Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.

Алкалоид како бранител на трофејот во ова натпреварување се најде во групата 1 заедно со „братскиот“ Мулти Есенс, Партизан Гевгелија и Пролет.

Пелистер е во втората група заедно со Куманово, Радовиш и Струга, Вардар е во групата 3 каде се уште Бутел, Борец ФЛ и Еурофарм Пелистер 2, додека најинтересно се очекува да биде во групата 4 каде се Охрид и Тиквеш од кои се очекува да ја минат полуфиналните ривали Прилеп и Аеродром и во меѓусебен дуел да одлучат за патникот за Ф4.

Натпреварите од групната фаза се на програмата 26/27 април, а завршниот турнир ќе се игра од 15 до 18 мај.

Куп на Македонија:

Група 1Алкалоид– Мулти ЕсенсПартизан – T. Пролет

Група 2Е. Пелистер– КумановоРадовиш– Струга

Група 3Вардар 1961 – Бутел СкопјеБорец ФЛ – Е. Пелистер 2

Група 4Прилеп – ОхридТиквеш– Аеродром


 
 
 

Comments


bottom of page