Три пенали на „Метрополитано“, Атлетико се мачеше со „фенерџијата“ Валјадолид (ВИДЕО)
- Aleksandar Santovski
- 19 hours ago
- 1 min read
15.04.2025 April Vtornik
Тимот на Атлетико Мадрид многу потешко од очекувањата дојде до победата и трите бода во соочувањето со „фенерџијата“ Валјадолид во шпанската Примера.
Валјадолид е убедливо најслабиот тим во Ла Лига во оваа сезона, но вечерва скапо ја продаде својата кожа на „Метрополитано“ каде успеа да постигне два погодоци.
Сила од пенал донесе водство за гостите, но таа предност кратко траше затоа што Алварез исто со удар од белата точка израмни на 1-1, а во 27 минута дојде до целосен пресврт со погодокот на Симеоне.
Овие 2-1 останаа на семафорот до крајот на првиот дел, а по паузата Санчез реализираше во 56 за 2-2. Четата на Симеоне мораше одново да се организара за да го скрши отпорот на противникот и тоа конечно му успеа од 71 до 79 минута кога Алварез одново од пенал и Серлот конечно го потврдија 18. триумф за „душекџиите“.
Атлетико со 63 бода е на третата позиција зад Реал со 66 и Барселона со 70 поени.

Comments