Хелен Мирен, кралица на глумата, денес слави роденден
- Aleksandar Santovski
- Jul 26, 2021
- 1 min read
26.07.2021 Juli Ponedelnik
Една од најомилените холувудски ветеранки, Хелен Мирен, која во својата исклучителна кариера портретираше монарси од кој било период, денес полни 76 години. Големата театарска и филмска ѕвезда може да глуми полициски инспектор, рокер, убиец, монархиња… и тоа го прави во изминатите пет децении: од раната театарска улога на Клеопатра, и Елизабета Втора во „Кралица“ што ѝ донесе Оскар во 2007 година, до Катерина Велика во истоимената ТВ-серија. Таа е единствената актерка која на филм ги портретирала двете кралици Елизабети. На почетокот беше отворена млада класична актерка кој жестоко се спротивставуваше на објективизацијата, без разлика дали од весници или ТВ-емисии. Потоа дојде зрелата Мирен со дарба да глуми монарси (Елизабета Прва на ТВ, Елизабета Втора на филмско платно и на театарска сцена), да ги освојува сите можни награди, да биде прогласена за Dame (дама), и да стекне голема меѓународна слава. Меѓу многуте титули, таа е и амбасадор на Women International. Семејството на Мирен има благороднички корени: нејзиниот татко Пјотр Василиевич Миронов бил руски аристократ кој ги загубил статусот и богатството по Болшевичката револуција. Во аристократската Мирен отсекогаш имало авантурист за кој било предизвик. Една од најнаградуваните актерки во Британија и САД ја носи почесната титула Dame (дама) доделена од британската кралица Елизабета, женски еквивалент на Sir (сер) како форма на обраќање во чест на славата. Мирен е безвременска дама со уникатен стил, вистинска инспирација за сите генерации. На свечените церемонии, холивудската ветеранка изгледа беспрекорно со совршено одбрани комбинации и секогаш со доза женственост и сексапил.




Comments