top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Хајди Клум и нејзиното куче Антон спремни да го гледаат шоуто за таленти

Хајди Клум е подготвена да го гледа популарното натпреварувачко шоу со многу акција, „Америка има талент“, во кое е член на жирито. Таа има неверојатна помош во форма на џиновско сиво-бело куче Антон, кој се смести на креветот покрај убавицата за да ѝ прави друштво. На фотографијата што ја сподели на својот „Инстаграм“ во вторникот вечерта Хајди (48) се подготвува да ја гледа новата епизода од шоуто за таленти. Хајди, поранешен германско-американски супермодел, е облечена во пижами со принт – фотографии на кои е заедно со своите колеги судии на шоуто за таленти – Софија Вергара, Хови Мандел, Тери Крус и Сајмон Ковел. „Антон и јас сме подготвени за America’s Got Talent!“, напиша таа во описот на фотографиите додавајќи насмеани емотикони и емотикони-куче.



1 view

Comments


bottom of page