Фудбалската икона Пеле изгубил трага за тоа колку деца има
19.02.2021 februari petok Пеле бил татко на толку многу деца што не бил свесен дека некои од нив дури и постојат. 80-годишната фудбалска икона беше во брак трипати, но признава дека имал афери и дека во еден момент од животот изгубил трага за сопствените деца. „Искрено, имав неколку афери, од кои некои резултираа со деца, но дознав за нив подоцна“, рече Пеле. Спортската легенда има пет деца – Кели (54) Едињо (50), Џенифер (42) и близнаците Џошуа и Селест (24) – од неговите први два брака, како и повеќе деца од разни афери. Сепак, во новиот документарец на „Нетфликс“, со наслов „Пеле“, фудбалската sвезда инсистира на тоа дека бил искрен со своите жени и девојки за своите афери. „Мојата прва сопруга, прва девојка, знаеше за тоа. Никогаш не лажев“, рече тој.
Comments