top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Финалистките за наградата „Денес“ со онлајн изложба

Ана Јовановска, Ана Лазаревска, Симона Манчева и Елена Чемерска се четирите финалистки на наградата „Денес“ за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка до 35 години кои пред јавноста ќе се претстават со онлајн изложба на каналот Вимео Organization FR_U на организацијата „Факултет за работи што не се учат“.

Изложбата е дел од годинешното, петнаесетто издание на престижната интерационална манифестација, доделувањето на наградата „Денес“ за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка до 35 години, која подразбира двомесечна резиденција во Њујорк, САД за добитни(кот)/чката. Таа ќе биде отворена до 29 април. Делата ќе може да се погледнат на следните линкови: -Ана Лазаревска https://vimeo.com/539365281 -Ана Јовановска https://vimeo.com/539296244 -Симона Манчева https://vimeo.com/539287639 -Елена Чемерска https://vimeo.com/539312939 По изложбата на 28 април на платформа „Зум“ на ФБ каналот на „Денес наградата“ од 18 до 20.30 часот ќе се одржи јавна презентација на уметничките и разговор со интернационалната жири комисија на англиски јазик во рамки на програмата „Совршениот уметник“.

Линк од Фејсбук на ДЕНЕС Награда – Награда ДЕНЕС. DENES Award https://www.facebook.com/Награда-Денес-DENES-Award-2063487267273326 На 29 април ќе се објави добитничката на наградата „Денес“ преку соопштение до медиумите како и на веб страната на организацијата „Факултет за работи што не се учат“ и социјалните мрежи на организацијата. Интернационалното жири е составено од: Катја Крупеникова, кураторка и критичарка, доцент на ХКУ Универзитетот за уметности, Утрехт и дел од кураторскиот тим на Фондацијата В-А-Ц, Москва; Пол Ластер, писател, уредник, куратор, уметники предавач, уредник во ArtAsiaPacific и Whitehot Magazine of Contemporary Art; Биљана Тануровска Ќулавковски, продуцентка, кураторка и истражувачка, претседателка на органзиацијата Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Алберт Хета, уметник, дизајнер, уметнички менаџер и уметнички директор на Стацион- Центарот за современа уметност, Приштина, Косово и Верица Ковачевска, уметничка и претходна добитничка на наградата „Денес“.


2 views

Comentarios


bottom of page