top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Финале: Челси – Манчестер сити

ФУДБАЛ, ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Сеанглиско финале во Лигата на шампионите (ЛШ), Челси – Манчестер сити, на 29 мај, на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, Турција. Челси беше супериорен против бледиот Реал во реваншот на „Стамфорд бриџ“ во Лондон и го совлада со 2-0 (во првиот меч беше 1-1). Претходно Манчестер сити во сличен стил го елиминира ланскиот финалист, Пари сен Жермен (2-0 и 2-1). За Челси, кој стана шестиот клуб што постигнал 300 гола во ЛШ (во групна и во нокаут-фаза), со што им се придружи на Реал, Барселона, Баерн, Манчестер јунајтед и на Јувентус, ова ќе биде трето вакво финале (за Сити прво), по 2008 и 2012 година. Од англиските тимови, само Манчестер јунајтед и Ливерпул играле повеќе финалиња (по четири) во ерата на ЛШ. Трета година по ред, во финалето на ЛШ ќе има тим дебитант, а годинава тоа е Сити. Во ерата на ЛШ (од сезоната 1992/1993), тие тимови беа поразени во минатите седум финалиња. Последен тим што победи беше Борусија Дортмунд, во 1997 година, против Јувентус (3-1). – Многу сум благодарен што имам можност да го живеам мојот живот во фудбалот и оваа страст да ми биде професија. Презадоволен сум што стигнав до ново финале на едно вакво високо ниво. Не сме во никаква предност во финалето, напротив, но ни дава добро чувство и самодоверба. Дуелите со Реал беа репер, на кои сакавме и мислам дека успеавме да ја намалиме разликата со Сити.

Во Истанбул ќе одиме со самодоверба и со позитивна енергија, сакаме да победиме, а не да бидеме еден од учесниците – изјави менаџерот на Челси, Томас Тухел, кој е единствениот тренер/менаџер што шест пати се соочувал со Реал во ова натпреварување без да претрпи пораз (две победи и четири ремија). Во минатите четири месеци, на клупата на Челси, Тухел не прими гол на 18 од 24-те меча (75 отсто). Играта во одбраната стана заштитен знак на Челси под негово водство, за што говори и податокот дека на патот до финалето „сините“ примија само четири гола, колку и Сити. Претходно такво нешто им успеа само на Арсенал (два гола) и на Барселона (четири), во сезоната 2005/2006. По третпат во историјата на ЛШ или по вторпат во последните три години, во финалето ќе играат две англиски екипи. Првиот пат играа Челси – Манчестер јунајтед во 2008-та, а потоа Ливерпул -Тотенхем во 2019 година. Годинашното финале ќе биде осмо меѓу два тима од иста земја. По трипати, како и англиските, во финалето се сретнале шпански тимови, Реал Мадрид – Валенсија (2000), и двапати Реал – Атлетико (2014 и 2016). По еднаш во финалето играа тимови од Италија, Милан – Јувентус (2003), и од Германија, Баерн – Борусија Дортмунд (2013).

Тухел прв во две финалиња по ред со различни тимови

Германецот Томас Тухел е првиот тренер/менаџер што стигнал до финале на Купот на европските шампиони (КЕШ) или на Лигата на шампионите (ЛШ) две сезони по ред со различни тимови, сега со Челси, а лани со Пари сен Жермен, кога загуби од Баерн со 0-1. За Челси ова е трето финале во ЛШ во клупската историја, а во трите наврати тоа се случи откако беше отпуштен менаџерот на средината од сезоната. Во 2007/2008, Жозе Мурињо доби отказ и беше заменет со Аврам Грант, кој со Челси се пласира во првото европско финале во Москва, кое го загуби од Манчестер јунајтед на пенали. „Сините“ стигнаа до финалето и во 2011/2012 година под водство на нов шеф, Роберто Ди Матео, кој го наследи Андре Вилјас-Боаш, кој доби отказ, Челзи тогаш го совлада Баерн во Минхен, повторно на пенали. Историјата сега се повторува со Тухел, кој во јануари го замени Франк Лампард. Менаџерската смена не му помогна на Челси само во ЛШ, бидејќи шест од последните седум европски финалиња на клубот му се случија откако беше отпуштен менаџерот во текот на сезоната. Исклучок беше сезоната 2018/2019, кога Челси со Маурицио Сари триумфира во Лига Европа (ЛЕ).

ПОЛУФИНАЛЕ

Челси – Реал 2-0 (1-1, прв меч) Манчестер сити – ПСЖ 2-0 (2-1)

ФИНАЛЕ

Манчестер сити – Челси Олимписки стадион, „Ататурк“, Истанбул, сабота, 29 мај


2 views

Comments


bottom of page