top of page

„Уметничка галерија Тетово“ изложи слики – избор од досегашните ликовни колонии

24.03.2021 mart sreda Во следниве десетина денови љубителите на уметноста ќе може да погледнат избор на слики од сите досегашни 11 меѓународни ликовни колонии на кои домаќин била националната установа „Уметничка Галерија Тетово“.

Изложени ќе бидат дела на автори од десетина земји кои биле учесници на досегашните изданија на колонијата.

–Изложените слики ќе може да се погледнат секој работен ден во временскиот интервал од 09:00 до 19:00 часот. Уметничката Галерија ќе биде отворена за посетителите во тоа време и ќе може да се видат триесетина уметнички дела, информираат од Галеријата.

Во септември 2020 беше одржана последна 11-та меѓународна ликовна колонија во Тетово, која заврши со пригодна изложба на минатогодишните учесници.


Извор МИА

 
 
 

Comentarios


bottom of page