Супер интересни натпревари во Минхен и Будимпешта, оправдан епитетот „група на смртта“
23.06.2021 Juni Sreda
Групата Ф донесе навистина возбудливи натпревари во целокупната групна фаза, а финалниот ден од истата донесе најголема драма.
Франција и Португалија се сретнаа во Будимпешта, додека во Минхен силите ги одмерија Германија и Унгарија.
И двата натпревари завршија со ист резултат и без победник (2:2), а најголем трагичар, а во исто време и херој е репрезентацијата на Унгарија која жестоко до крај се бореше со „големите риби“ во групата Ф.
Германија на двапати имаше негатива која ќе ги елиминираше од понатамошниот тек на шампионатот, меѓутоа се враќаше во игра со головите на Каи Хаверц и Леон Горецка. Головите за Унгарија ги постигнаа Салаи и Шафер.
По последниот ден од групната фаза, Франција беше потврдена како прва во групата Ф и во осминафиналето ќе оди на мегдан на Швајцарија, Германија ќе го игра дербито на осминафиналето против Англија, а дерби пресметка ќе има и меѓу Португалија и Белгија.
Comments