Струмичките актери ќе чекаат правда од претседателот Пендаровски?!
- Aleksandar Santovski
- Mar 23, 2021
- 1 min read
Струмичките актери, организатори на иницијативата „Култура или фискултура“, која изминатите месеци ја разбранува културната јавност и доби поддршка од над триста културни работници вчера, „правдата“ ја побараа и во вилата Водно. Имено изминатите месеци тие организираа низа протести барајќи смена на поставениот директор на културниот центар „Антон Панов“ во Струмица, со образложение дека се работи за кадар кој не е соодветен да раководи со културната установа.
За нив „поставување на професор по фискултура на раководно место во културна институција е потценување на нивната фела и кандидатите кои се одбиени, а кои според нив се соодветни за ова работно место“.
„Во вилата Водно бевме примени од заменик генерален секретар Тоше Зафиров и од советничка закултура Искра Гешоска и го изнесовме случајот во детали. Добивме одговор дека ќе го информираат претседателот и дополнително ќе ни кажат какви активности ќе се преземат. Доколку не добиеме одговор, ќе преземеме порадикални мерки“, вели Ванчо Василев од Иницијативата. Тој додава дека до сега немаат никаков одговор ниту од Управен суд ниту од Антикорупциска, институциите до кои реагираа.
„Изминува вториот месец а нашиот проблем останува статус-кво. Игнорантскиот однос на ресорното Министерство кон нашите барања продолжува, правдата која ја бараме од правосудните институции е бавна, а нашата работа е комплетно блокирана“, посочија вчера од иницијатива „Култура или фискултура“. (Д.Т.)

Comments