Струмичкиот карневал и годинава без големи манифестации
- Aleksandar Santovski
- Mar 4, 2021
- 1 min read
04.03.2021 mart cetvrtok
На Струмичкиот карневал и годинава заради пандемијата нема да се организираат големите карневалски манифестации како што се главната карневалска вечер со дефиле на карневалските групи, која требаше да се одржи на 13 месецов, маскенбалот и детскиот карневал, соопштија од Организицискиот одбор. Тие најавуваат дека се планира одржување на помали собири поврзани со карневалот
„Струмичкиот карневал 2021 ќе се одржи од 11 до 17 март, но без традиционалната карневалска поворка, маскенбал, детски карневал и маскирања во различни креации. Со почитување на протоколите за јавни настани во време на пандемија, планираме да се одржи изложба на карикатури, промоција на монографија, Чист понеделник со делење на посен грав на плоштадот, изведување на традиционалниот Тримерски обичај, предавање на клучот од градот на карневалистите и слично“, појаснија од Одборот.
Програмата со активностите и локации на одржување на настаните ќе бидат објавени пред почетокот на карневалската недела во Струмица.

Comments