top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Стрип цртеж со Тинтин продаден за 3,17 милиони евра

15.01.2021 Јануари Петок

Цртежот од белгискиот уметник Ерже, за насловната страна од стрип-албумот на Тинтин, „Син лотус“ вчера беше продаден за рекордни 3,17 милиони евра, објавија од аукциската куќа Арткуриал.

Овој износ ги собори сите досегашни рекорди за најскап продаден цртеж од некој стрип во историјата.

Цртежот е создаден во 1936 година, насликан е со кинеско мастило во техниките гваш и акварел. Делото било продадено од париско семејство Кастерман.

Цртежот е оценет како префинет, но и сложен и прескап за печатење на стрип, па тој мистериозно се појавил откако белгискиот стрип-артист Жорж Реми, попознат под неговиот псевдоним Ерже под кој ќе ги створи сите стрипови со јунакот Тинтин, му го понудил на Жан Пол, синот на издавачот Луј Кастерман, соопштиле наследниците.

На цртежот е прикажан црвен змеј на црна позадина покрај испашеното лице на главниот јунак Тинтин и неговото верно куче Снешко.

Ерже бил перфекционист и визионер, а изданието од 1936 година на Тинтин има специјално место во кариерата на уметникот бидејќи со тој стрип илустраторот се отворил кон странските култури, во овој случај – кинеската.

„Ова дело е култен стрип цртеж, еден од најславните на 20-тиот век“, вели Ерик Лирој, експерт за стрипови од париската аукциска куќа.

Ова е втор пат Арткуриал да стави на аукција дело од универзумот на Тинтин. Насловната страница од стрипот „Тинтин во Америка“ од 1932 година беше продаден за 1,2 милиони евра во 2012. Во 2020 година уште неколку насловни страни од Ерже беа продадени по високи цени.


3 views

Comments


bottom of page