Search
Стадионите во Англија ќе „крцкаат“ на стартот на сезоната: Се дозволува полн капацитет од 19 јули
05.07.2021 Juli Ponedelnik
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон дал зелено светло од 19 јули да нема никаква забрана и сите спортски стадиони да бидат исполнети до самиот лимит. Од овој датум на Островот и официјално се ублажуваат ограничувањата кои беа донесени поради Ковид-19, а тоа значи дека новата сезона во Премиер лигата ќе започне пред целосно полни трибини. Ваквото нешто навивачите и вљубениците во фудбалот го чекаа нешто повеќе од година и половина, па токму затоа оваа информација беше донесена со голема радост од луѓето во Англија. Од 19 јули нема да има потреба ниту да се држи дистанца, а ниту да се носат маски, па навивачите слободно ќе може да ги гледаат и подготвителните натпревари на своите омилени клубови.
Comments