top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Србија, Албанија, Грција и Бугарија во финалето на „Евровизија 2021“

Претставниците на „Евровизија 2021“ на сите четири наши соседни држави: Србија, Албанија, Грција и Бугарија се пласираа во финалето, што ќе се одржи во сабота во „Ахој“ арената во Ротердам, Холандија.

Место во финалето обезбедија и Молдавија, Португалија, Исланд, Сан Марино, Швајцарија и Финска.

Познатиот македонски композитор и продуцент Дарко Димитров е автор на аранжманот на песната „Локо, локо“ што ја пеат српските претставнички, трите атрактивни девојки од хрупата „Ураганки“, автор на музиката е Немања Антониќ, додека текстот го напиша Сања Вучиќ. И Тој заедно со целиот тим е во Ротердам.

На финалната вечер во сабота, ќе настапат 20-те финалисти, меѓу кои, за жал, не е нашиот Васил Гарванлиев, иако имаше одличен настап на првата полуфинална вечер во вторникот, заедно со претставнциите на Холандија, и на петте постојани членки: Франција, Шпанија, Италија, Германија и Велика Британија.

Директен пренос ќе проследиме на Првата програма на Македонската телевизија.

М.Т.


0 views

Comments


bottom of page