„Симпсонови“ е серија со најдолг рок на траење
15.01.2021 Јануари Петок
Првата епизода од цртаната серија „Симпсонови“ премиерно беше прикажана на 17 декември 1989 година. До денес, „Симпсонови“ го окупираат почесниот епитет на анимираната серија со најдолг рок. Креаторот на познатите „Симпсонови“, Мет Греининг, првично ги илустрираше карактеристичните жолти ликови на хартија, а потоа ги именуваше според членовите на неговото семејство и на крајот ги карактеризираше и ги премести на ТВ-екраните. Ова очигледно нетипично семејство, чии членови се Хомер, Марџ, Барт, Лиза и Меги, живее во измислениот град Спрингфилд. Ликовите или групите ликови обично се ставаат во проблематична ситуација, која треба да ја решат или да научат да ја прифаќаат. „Симпсонови“ се сатирична пародија за животниот стил на американската средна класа. Најпозната по сатиричниот хумор, оваа серија обработува различни аспекти на човечкото секојдневие, американската култура, општеството, но и самиот феномен на телевизијата. За 31 година, карактеристичните жолти ликови го обиколија целиот свет, се сретнаа и им беа домаќини на многу познати личности од светот на шоу-бизнисот и политиката, а како што се покажа, тие ја предвидоа и иднината. Меѓу другото, во една епизода тие предвидоа дека Доналд Трамп ќе стане претседател на Соединетите Американски Држави. Користеле и паметни телефони и ја гледале Лејди Гага како настапува на Супербоул.
„Симпсонови“ премиерно беа прикажани на филмското платно во 2007 година. Во филмот се појавуваат неколку познати личности од реалниот свет, како што се Том Хенкс, Вуди Ален и групата „Грин деј“, која ја сними насловната песна. Во 1998 година, списанието „Тајм“ го рангира Барт Симпсон меѓу 100-те највлијателни луѓе на 20 век, во изданието за најголемите успеси во уметноста и забавата на 20 век. Тој беше единствениот имагинарен лик на списокот. „Симпсонови“ сè уште е најдолговечен американски ситком и најдолговечна анимирана серија досега. Пред две години, цртаната серија го собори рекордот за најголем број епизоди емитувани за една серија на американската телевизија. Мет Грејнинг во една пригода изјави дека јадрото на оваа серија е всушност семејство што оди во црква, јаде заедно и е многу традиционално. Сите членови на семејството се полудуваат меѓусебно, но и неизмерно се сакаат.
Comments