top of page

Се снима документарец за Џенет Џексон

04.03.2021 mart cetvrtok

Животот и кариерата на Џенет Џексон ќе се истражува во четиричасовен документарен филм што треба да се емитува A&E Networks. „Џенет“ ќе се прикажува две ноќи на „Лајфтајм“ и A&E следната година, пренесува „Дедлајн“. Документарецот, кој се снимаше три години, ги бележи успоните и падовите во личниот живот на Џенет, како и нејзиниот музички успех. Продуцентскиот тим доби пристап до досега невидени домашни видеа и архивски снимки од Џенет. Филмот ќе даде интимен поглед во животот на Џенет и ќе опфати теми како смртта на нејзиниот брат Мајкл, раѓањето дете подоцна, и нејзиниот настап во „Супербол 2004“ со Џастин Тимберлејк.



 
 
 

Comentarios


bottom of page