Search
Ријана го покажува својот беспрекорен тен во реклама на нов гел-крем за околу очи
08.02.2021 februari ponedelnik
Таа минатото лето почна сопствена линија за нега на кожата „Фенти скин“.
А во неделата Ријана објави реклама во која го промовира својот најнов производ – гел-крем со инстант-ривајвл ефект на регијата околу очите – Flash Nap Fenty Skin.
Пејачката и успешен претприемач (32) сподели видео на својот инстаграм-профил како стои пред огледало и нанесува комбиниран крем за ладење и коректор.
Во рекламата објаснува дека целта е да се добие добро одморен изглед, дури и ако, како неа, едвај спиете, а таквиот изглед не може да го добиете со темни кругови и подуени очи.
Comentarios