Ретроспективна изложба на Љубе Алексовски во галеријата „КО-РА“
15.01.2021 Јануари Петок
Во галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ од денеска е отворена ретроспективна изложба-инсталација „Фотографика алтернативна No3. Бранување“ на Љубе Алексовски, на која се претставени стотина дела од различни периоди, почнувајќи од 1980-тите години.
Виолета Калиќ по повод отворањето на изложбата рече дека изложбата има колажен и концептуален концепт и одразува разнородни релации помеѓу авторот и неговата перцепција на актуелната стварност.
– …ВО ПОВЕЌЕ СФЕРИ НА НАШЕТО ЕГЗИСТИРАЊЕ КАКО ЕДИНКИ, НИВНИТЕ КОНТРОВЕРЗИ, ПАРАДОКСИ, УТОПИСКОТО, БАНАЛНОТО, ПРЕКУ РАЗНОРОДНИ СЕГМЕНТИ КОИ БУДАТ ЉУБОПИТНОСТ СО СВОЈАТА НЕОЧЕКУВАНА ДИНАМИКА, РИТМИКА, КОНТРОВЕРЗНА ТРАНСФОРМАЦИЈА, ПОВЕЌЕКРАТНА ПРЕОБРЗАБА И МНОГУСЛОЈНА МЕТАФОРИЧНОСТ КОЈА ЈА НОСАТ БРОЈНИТЕ КОЛАЖИРАНИ ЕЛЕМЕНТИ, СИМБОЛИ, СЕГМЕНТИ ОД ФОТОРЕАЛНАТА И ПСЕВДОРЕАЛНАТА СТВАРНОСТ КОЈА ГРАНИЧИ СО ФАНТАЗМОГОРИЧНОТО, НАДРЕАЛНОТО, СО СИМБОЛИЗМОТ, ИСТАКНА КАЛИЌ.
Љубе Алексовски по завршувањето на Педагошката академија и Факултетот за ликовна уметност (педагошка насока) имал предагошки ангажман како професор и бил активно вклучен во културата и уметноста како визуелен уметник. Иницијатор и учесник е на бројни проекти и од сферата на екологијата и други ангажирани проекти. Организатор и учесник е на ликовни колонии и автор на голем број мурали во јавни објекти во земјава. Претседател е на Здружението „ЗУМ 92“ и „ЗУМ 2002 -Љубеизам“. Во 2019-та учествувал на групни изложби во САД и Канада.
Извор:МИА
Comentarios