top of page

Ракометарките ќе играат против Романија во баражот за Светското првенство

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе игра против Романија во баражот за Светското првенство што ќе се одржи годинава во Шпанија.

Првиот натпревар ќе се игра во Романија на 16/17 април, додека реваншот во Македонија е предвиден за 20/21 април.

Победниците од десетте дуели во баражот ќе обезбедат учество на Мундијалот во Шпанија, каде што покрај домаќинот, досега се квалификуваа и шампионот Холандија, како и најдобрите четири селекции од Европското првенство – Норвешка, Данска, Франција и Хрватска.

Бараж-двојки

Романија – Македонија Турција – Русија Чешка – Швајцарија Словенија – Исланд Словачка – Србија Украина – Шведска Австрија – Полска Унгарија – Италија Португалија – Германија Црна Гора – Белорусија


 
 
 

Comentários


bottom of page