Пујол ги дочека своите пет минути и му покажа кој е кој на играчот на Севилја кој се подбиваше со Пе
- Aleksandar Santovski
- Mar 4, 2021
- 1 min read
04.03.2021 mart cetvrtok
Екипата на Барселона успеа да ја анулира негативата од првиот натпревар против Севилја (2:0) и со победата од 3:0 по продолженија успеа да обезбеди финале во Купот на кралот.
„Каталонците“ стигнаа до пласман во финалето откако во регуларниот дел натпреварот заврши со идентични 2:0 како од првиот натпревар, а во продолженијата Мартин Брајтвајт го постигна и клучниот трет погодок кој значеше и пласман во финалето.
По натпреварот легендата на Барселона, Карлес Пујол го искористи својот профил на „Твитер“ за да се подбива со фудбалерот на Севилја, Сусо. Имено, Сусо на 11 февруари го провоцираше младиот Педри кој по тогашната средба бараше пенал за Барселона.
Пујол сега ја сподели објавата на играчот на андалузискиот клуб и над неа само кратко напиша: – Добра ноќ.
Потоа, Пујол кој е вистински спортски џентлмен објасни зошто се решил да објави ваква провокативна порака.
– Мора да ги почитувате колегите и да знаете да го поднесете поразот. Педри не го заслужи тоа што тој му го направи. Во фудбалот сè се враќа, -порача Пујол.

Commentaires