Пирс Броснан зел копии на познати слики од филмски сет
08.04.2021 April Cetvrtok
Пирс Броснан, кој го глумеше Џејмс Бонд во четири филма од 1995 до 2002 година, откри дека зел неколку копии на познати слики што биле прикажани во филмот „Аферата на Томас Краун“. 67-годишниот актер објасни: „Една од најдобрите прилики беше да се види како уметноста се качува на ѕидот. Сите беа репродукции на Реноар, Шагал и Пикасо. Јас зедов некои”. Холивудската sвезда, роден во Ирска, но сега живее во САД, откри дека некои од сликите што биле користени во филмот сега висат во неговиот дом во Малибу. Ја зедов „Мајка и дете“ од Реноар, „Црвено куче“ на Гоген, а од прекрасните „Есенски дрвја“ на Ван Гог сега ги имам во Малибу, рече тој за подкастот „Ток арт“. Во филмот, римејк на познатиот филм на Норман Џуисон, музејот „Метрополитен“ во Њујорк е жртва на обид за грабеж од организирана банда, маскирана како членовите на персоналот. Кога тие ќе бидат забележани од музејските тимови, кои се обидуваат да ги запрат со затворање на влезовите, Томас Краун, истакнат бизнисмен (Пирс Броснан), ја користи збунетоста да украде слика од Моне.
Comentarios