Search
Пандев има највисока оценка во тимот на колото во Серија А (ФОТО)
08.02.2021 februari ponedelnik
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев имаше извонреден настап за Џенова во Серија А и беше најзаслужен што неговиот тим направи изненадување и славеше над Наполи со 2-1.
Популарниот Гоче доби шанса од првата минута од тренерот Балардина, а за довербата возврати со два гола со што дојде чекор поблиску до бројката од 100 погодоци во Калчото. Оваа негова партија донесе признание, па се најде во тимот на 21. коло во италијанскиот шампионат со најдобар оценка 8,8 заедно со Муса Бароу од Болоња.
Ова е формацијата 4-3-3 на „Софаскор“ во која Горан и Муса се заедно со Ибрахимовиќ во напаѓачката тројка.
Comentarios