Search
„Остен Биенале на цртеж – Скопје 2020“ во Мала станица
19.02.2021 februari petok
Од денеска до 18 март во галеријата Мала станица може да се посети изложбата „Остен Биенале на цртеж – Скопје 2020 – наградени уметници и финалисти“.
На Биеналето учествуваа 260 уметници од 44 земји со 819 дела, а селекторот Емил Алексиев избра 135 уметници и од нив 75 беа избрани за финалисти.
За наградените автори одлучуваше меѓународно жири во состав: Катрин Бекер од Германија, Ларс Курулф Милер од Данска и Жолт Петрани од Унгарија.
Селектираните уметници на „Остен Биеналето на цртеж – Скопје 2020“ и „Остен Биеналето на наградени автори 2019-2020“ беа претставени на изложба во октомври минатата година во галеријата Чифте амам, по повод 75-годишнината на „Остен“.
Comments