top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Најуспешни Атанасовска, Гроздановска, Реџепи и Дуковска

05.07.2021 Juli Ponedelnik

КОЊИЧКИ СПОРТ – ЈУЛСКИ ТУРНИР И ТРЕТО КОЛО НА ПРВЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА

На терените во Волково изминатава сабота се одржаа Јулскиот коњички турнир и третото коло од Првенството на Македонија во прескокнување пречки, во организација на коњичкиот клуб Бравадос од Скопје, а според планот на Федерацијата за коњички спорт на Македонија. На програмата беа четири натпревари во класите А, Б, Ц и Д, со висина на пречките од 0,9 до 1,2/1,3 метар. Во класата А (висина на пречките 1,10/1,20 м), победи Меланија Атанасовска со грлото „Влеут“ од клубот Процес, пред Самир Реџепи со грлото „Коку“ од Бравадос. По одржаниот бараж (висина на пречки 1,2 м), трет е Зоран Јовановиќ со грлото „Флика“ од Бравадос. Во класата Б (висина на пречки 1/1,10 м), најдобра беше Леонида Гроздановска со грлото „Силвано“ од клубот Анималс, а второто и третото место ѝ припадна на Меланија Атанасовска со грлото „Влеут“, односно со „Калатус“ од Анималс. Во класата Ц (висина на пречки 90 см/еден метар) со бараж победи Самир Реџепи со грлото „Паули“ од Бравадос, пред Ташко Жоглев со грлото „Ролекс“ од Илинден и Љупка Аврамовиќ со грлото „Колпо Гросо“ од Бравадос. И во класата Д (висина на пречки 90 см/95 см) најуспешна е Силја Дуковска со грлото „Најтингел“ од Анималс, пред Ена Таневска со грлото „Нофаер“ од Анималс и Лина Спировска со грлото „Визир“ од Бравадос. Следниот, Јулски коњички турнир и второто коло од Отвореното лига-првенство на Македонија ќе се одржат на 10 јули, во организација на клубот Вивакс.


2 views

Comments


bottom of page