Младиот Ивановски ја премости првата пречка на јуниорскиот Вимблдон
05.07.2021 Juli Ponedelnik
Македонија има свој претставник на годинешното издание на Вимблдон, откако младиот 17 годишен Калин Ивановски се натпреварува во јуниорската конкуренција на турнирот.
Ивановски во првото коло направи големо изненадување совладувајќи го десеттиот носител на турнирот, Дејли Бланш со 2:0 по сетови (5:7, 6:7).
Американскиот тенисер подобро го отвори натпреварот и веднаш му зеде брејк на Ивановски, но нашата надеж не се откажа и возврати со брејк во осмиот гем (4:4). До крајот Ивановски одигра подобро и заслужено го доби првиот сет.
Во вториот сет тенисерите играа одлично на свој серивс, а победникот беше одлучен во тај-брејк кога подобро се покажа Ивановски.
Македонскиот тенисер во следната фаза ќе игра против Литванецот, Едас, Бутвилас кој исто како и Ивановски не е меѓу носителите на турнирот.
Comments