МЗТ Скопје и Работнички ќе водат битка во Сараево
- Aleksandar Santovski
- Feb 18, 2021
- 1 min read
18.02.2021 februari cetvrtok
Третиот турнир во АБА2 лигата ќе се одржи во Сараево, а тоа значи дека во босанската престолнина ќе гледаме битката на македонските вечни ривали МЗТ Скопје и Работнички.
Имено овој „балон“ ќе се одржи од 1 до 7 март, период во кој ќе бидат одиграни мечевите од 8,9 и 10 коло што автоматски значи меч на нашите најдобри, најтрофејни кошаркарски колективи. „Штрковите“ и центарци ќе ги одмера силите на 3 март од 12 часот секако под услов се да биде во ред, поточно да нема проблеми какви што имаше Работнички кој поради заразени играчи го пропушти вториот турнир во Бања Лука.
Инаку МЗТ освен со градскиот ривал во Сараево ќе се соочи уште со Ловќен и Младост Земун, додека пак четата на Мираковски ќе игра против Широки Бријег и Сутјеска.
Од АБА лигата воедно информираа дека последниот „балон“ ќе биде на програмата од 22 до 28 март во Златибор.

Commentaires