Search
Македонија триумфално ги заврши квалификациите за ЕП
Ракометната репрезентација на Македонија со победа над Швајцарија од 29-28 ги заврши квалификациите за пласман на Европското првенство в година.
Македонските ракометари, кои обезбедија учество на континенталниот шампионат во пресрет на дуелот со Швајцарија во Скопје, го завршија квалификацискиот циклус со пет победи и еден пораз, на второто место во групата 7, зад актуелниот светски и олимписки првак Данска.
Македонија го реши мечот во своја полза кога дојде до предност од три гола (26-23) на седум минути до крајот.
Капитенот и селектор Кирил Лазаров и Филип Кузмановски постигнаа по шест гола, додека голманот Никола Митревски со 16 одбрани имаше извонреден настап.
Comments