Македонија го торпедираше Казахстан, Милан Ристовски и Чурлинов ја зграбија шансата
Updated: Jun 5, 2021
04.06.2021 JUui Petok
Репрезентацијата на Македонија славеше убедлива победа од 4:0 против Казахстан во натпреварот кој беше генерална проба пред настапот на историското Европско првенство кое почнува на 11 јуни.
Избраниците на Игор Ангеловски, очекувано, во текот на целиот натпревар ја контролираа играта и во ниту еден момент не дозволија Казахстан поопасно да се доближи до Столе Димитриевски.
Во првиот дел постигнавме само еден погодок преку Џани Алиоски кој реализираше од белата точка откако Елиф Елмас беше соборен од противнички фудбалер.
Во вториот дел постигнавме уште три гола, а првиот беше дело на Тричковски кој ја искористи асистенцијата на Костадинов и го натера казахстанскиот голман по втор пат да ја вади топката од мрежата.
По овој гол, Ангеловски шанса им даде на резервните фудбалери меѓу кои беа и Милан Ристовски кој го имаше своето деби во националниот дрес, како и Дарко Чурлинов кој е светла иднина на македонскиот фудбал. И двајцата ја зграбија шансата и ги постигнаа последните голови за Македонија на овој натпревар.
До крајот на средбата нашите репрезентативци имаа уште неколку одлични прилики за да постигнат и петти гол, но голманот на Казахстан во неколку наврати спаси сигурен гол.
Commentaires