Кралицата му го честита роденденот на правнукот
- Aleksandar Santovski
- May 7, 2021
- 1 min read
Британската кралица Елизабета Втора му посака среќен втор роденден на нејзиниот правнук Арчи со емотивна семејна фотографија. Фотографија од бебето Арчи со неговите родители војводата и војвотката од Сасекс беше објавена на профилот на кралското семејство на Твитер во четвртокот, дента кога тој наполни две години. Пораката што ја придружува фотографијата гласи: „На Арчи Маунтбатен-Виндзор му посакувам многу среќен 2. роденден денес“. Фотографијата е направена на замокот Виндзор во мај 2019 година, непосредно по раѓањето на Арчи. И принцот Чарлс, дедото на Арчи, сподели фотографија на својот внук на Инстаграм, посакувајќи му среќен роденден. Арчи живее со своите родители, принцот Хари и Меган, во Калифорнија, откако тие се повлекоа од кралските должности во март 2020 година.



Comments