Search
Колекција реплики накит на кралицата Елизабета сега е достапна за сите
08.02.2021 febbruari ponedelnik Royal Collection Shop претстави накит инспириран од кралски украси, а меѓу најомилените се креации слични на оние кои кралицата Елизабета Втора ги носела на нејзиното крунисување. Фановите на накит на Кралицата на Англија сега можат да купат креации што изгледаат како оригиналните, по пристапни цени, од 25 до 195 евра. Се разбира, не станува збор за дијаманти, туку за бижутерија, но факт е дека накитот е привлечен, особено за оние кои сакаат нешто „кралско“. Продавницата Royal Collection нуди ѓердани, обетки и брошеви. Меѓу креациите има и реплики на накит што го носела кралицата на церемонијата на крунисување.
Comments