top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Колдплеј“ го пушти новиот сингл Higher Power во вселената

Британскиот бенд „Колдплеј“ избра необичен начин да го одбележи објавувањето на нивниот најнов сингл Higher Power во петокот (7 мај). Рок-бендот, познат по хитовите Paradise и Viva la Vida, се поврза со Меѓународната вселенска станица (International Space Station) за да разговара со францускиот астронаут Тома Песке за животот во вселената. Песке е најмладиот астронаут на Европската вселенска агенција (ЕСА). Тие, исто така, споделија снимена изведба на нивната нова песна на отворено, вклучувајќи живописни вонземни холограми кои танцуваат на песната, а Песке ја пушти во бродот на вселенската станица ISS. „Во моментов не сме во можност да свириме за никого на Земјата, па затоа помисливме да свириме за тебе“, му рече вокалистот на бендот, Крис Мартин, на Песке за време на нивниот разговор. Видео од нивната комуникација беше споделено во петокот. „Тоа е како наш концерт за еден човек“, рече Крис. „Колдплеј“ следната недела ќе ги отвори „БРИТ авордс“, највисоките почести на британската поп-музика, со изведба на Higher Power на реката Темза во близина на свечената церемонија вo О2 арената во Лондон.



3 views

Comments


bottom of page