top of page

Клоп не планира да ги пушти интернационалците од земјите од „црвената зона“

03.03.2021 mart sreda

Јирген Клоп денеска потврдил дека не планира да им дозволи на своите фудбалери да настапуваат за националните тимови, доколку тоа подразбира задолжителен карантин.

Ливерпул се подготвува за дербито со Челси, а Клоп бил јасен по прашањето наметнато поради британските мерки за заштита од коронавирусот.

– Мислам дека сите клубови ќе се согласат дека не е возможно да им дозволиме на фудбалерите да одат во своите земји, а по враќањето да седат 10 дена во карантин во хотелска соба.

– Ги разбирам потребите на федерациите и репрезентациите, но ова е период во кој не можеме да очекуваме сите да бидат задоволни. Фудбалерите се платени од клубовите и тие треба да бидат нивен приоритет, – изјавил германскиот менаџер.

Според британските правила, при враќање од земјите во „црвената зона“, мора да се поминат 10 дена во карантин, а во Ливерпул во ваква ситуација би биле Бразилците Алисон, Фирмино и Фабињо, како и Португалецот Жота.


 
 
 

Comments


bottom of page