top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кинотека на Македонија: Проекции на филмови за Њу Ордер и Леонард Коен

18.02.2021 februari cetvrtok

Во Кинотека на Македонија на 19 февруари ќе бидат прикажани два музички документарни филмови „Њу Ордер – Декади“ и „Мериен и Леонард Коен: Зборови за љубовта“ во рамките на настанот Скопје Синема Сити Загревање. Загревање е полугодишен настан каде се прикажува избор на филммови од претходното издание на фестивалот Скопје Синема Сити.

Минатата година во фокусот беа манчестерскиот бенд Њу Ордер на кои фестивалот им врачи награда за достигнувања во музиката и филмот и фестивалот го отвори настанот со филмот на Мајк Кристи „Њу Ордер: Декади.“ Филмот е приказ на нивниот проект во соработка со Манчестерскиот Интернационален Фестивал каде се случуваат невообичаени уметнички инсталации и проекти. Тој е истовремено и полуконцертен и полудокументарен филм за оваа соработка и серија настапи по европските градови.

Истата вечер ќе биде прикажан филмот „Мериен и Леонард Коен: Зборови за љубовта“ за Леонард Коен и неговата муза Мериен Илен која инспирирала многу од неговите песни. Филмот ја прикажува нивната бурна врска и животни патишта од почетокот на островот Хидра па се до нивниот крај.

Проекциите на филмовите започнуваат во 18 и 20 часот, а како налагаат прописите, бројот на посетители ќе биде ограничен. Настанот е организиран во согласност со пропишаните заштитни мерки против Ковид-19.


1 view

Comments


bottom of page