top of page

Кети Пери навестува музичка соработка со Тејлор Свифт

24.03.2021 mart sreda Кети Пери, која моменатлно е судијка на „Американски идол“, беше инспирирана од две натпреварувачки во реалити-серијалот за да навести дует со Тејлор Свифт, со која претходно се скара. Натпреварувачките Алтеја Грејс и Камил Лемб испеаја преработка на You Don’t Own Me („Не ме поседуваш“) на Лесли Гор, и откако им соопштија дека влегуваат во следната рунда, Кети им рече: Така прават кралиците! Потоа Кети се сврте кон нејзините колеги судии Лук Брајан и Лајонел Ричи и рече: „Можете ли да замислите Тејлор и јас да работиме заедно, што можеме да сториме?“ Голем број фанови оттогаш се огласија на социјалните мрежи за да ја споделат својата возбуда за можната соработка со пораки: „Ве молам, исполнете ги нашите желби, Тејлор Свифт и Кети Пери!“


 
 
 

Comments


bottom of page