top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Каролин Карлсон – годинешна добитничка на наградата Менада за животно дело во склоп на Танц фест

20.04.2021 April Vtornik

Годинешна добитничка на Наградата за животно дело и врвни остварувања во областа на танцот Менада на фестивалот Танц фест Скопје 2021 е легендараната кореографка и танчерка, Каролин Карлсон.

Карлсон е легендарна кореографка и танчерка, која го смени текот на развојот на современиот танц во 20 век, со нејзината креативност и работа, посебно кога во 1974 година доби покана да работи во Париската опера, со специјално креирана титула за неа „звезда-кореографка“ и доби простор за развој на своите идеи преку театарската истражувачка група „GRTOP“ (Groupe de Recherches Théâtrales / Paris Opera Theater Research Group).

Родена американка и натурализирана Французинка, таа за себе вели, дека пред сѐ, е номад, неуморен патник, кој секогаш настојува да го развие и сподели својот поетски универзум. Карлсон има значително влијание и успех во многу европски земји. Таа игра клучна улога во раѓањето на францускиот и италијанскиот современ танц.

Создава над 100 претстави, од кои голем број се сметаат за исклучителни дела кои го одбележуваат развојот на современиот танц и имаат посебно место во историјата на танцот.

Меѓу нејзините светски признанија се: „Златен лав“ од Биеналето во Венеција, „Prix Benois de la Danse“, во 1998 година. Добитник е и на ордените на Република Франција „Commander of the Ordre des Arts et des Letters“ и „Officer of the Légion d’Honneur“.

Со нејзината претстава „Ритуал за мртвиот сон“, изведена на Фестивалот во Авињон во 1972 година, Каролин испишува своевиден поетски манифест со кој се дефинира пристапот во нејзината работа на кој се придржува оттогаш: „танц кој е силно ориентиран кон филозофијата и духовноста“. За своите креации Каролин го претпочита терминот „визуелна поезија“.


2 views

Comments


bottom of page