Камерон Дијаз повеќе не сака да биде актерка
19.02.2021 februari petok Камерон Дијаз не сака да се врати во актерството по повлекувањето од филмовите пред повеќе од пет години. Актерката (48) првпат стана мајка во декември 2019 година кога ја доби ќерката Редикс, сега 13 месеци, со својот сопруг, рокерот Бенџи Маден (41). Sвездата на „Ванила скај“ откри во радиошоуто Quarantined With Bruce („Карантиран со Брус“) дека не планира враќање на филмското платно затоа што не може да замисли да го остави своето бебе за да почне 14-часовно снимање, што ќе трае со денови. Камерон објасни дека причекала да почне со мајчинството подоцна во животот за да нема одвлекување на вниманиеto. „Мајчинството и бракот досега најмногу го исполнија мојот живот. Едноставно тие две работи во моментот ми се многу важни, чувствувам дека тоа е сè што ми треба“.
Comments