top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Излезе од печат книгата „Дописниот шах во Македонија“

08.04.2021 April Cetvrtok

Из­ле­зе од пе­чат ша­хов­ска­та кни­га „До­пис­ни­от шах во Ма­ке­до­ни­ја“, од авто­рот Љубомир Ха­џи-Ма­нев, истак­нат ма­ке­дон­ски ФИДЕ-мај­стор (ФМ), об­ја­ве­на од издавачка­та ку­ќа „Ба­та прес ми­ле­ни­ум“. Во кни­га­та е оп­фа­тен пер­и­од од око­лу 50 годи­ни, до 1990 го­ди­на. Во неа се прет­ста­ве­ни си­те поз­на­чај­ни ма­ке­дон­ски до­пис­ни игра­чи од тоа вре­ме, со со­од­ве­тен при­лог од нив­ни­те ша­хов­ски ос­тва­ру­ва­ња.

– Она што е најз­на­чај­но е што во пер­и­о­дот од 1975 до 1990 го­ди­на, ко­га и јас сум акти­вен на ова до­пис­но по­ле, ре­пре­зен­та­ци­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја ги по­стиг­ну­ва најголемите ус­пе­си во со­став на то­гаш­на­та др­жа­ва. На осум­те екип­ни тур­ни­ри на републи­ки­те и по­кра­и­ни­те (1973-1989), ма­ке­дон­ска­та ша­хов­ска ре­пре­зен­та­ци­ја бе­ше нај­ус­пеш­на на тоа најз­на­чај­но екип­но нат­пре­ва­ру­ва­ње во то­гаш­на­та др­жа­ва СФРЈ. Голем дел од кни­га­та е по­све­тен ток­му на овие уба­ви ре­зул­та­ти, со мно­гу ин­те­рес­ни пар­тии од ре­чи­си си­те нај­ус­пеш­ни ма­ке­дон­ски ша­хи­сти, ко­мен­ти­ра­ни со се­гаш­ни­те моќни ша­хов­ски соф­тве­ри. Ова по­себ­но тре­ба да се истак­не, би­деј­ќи без оваа кни­га, на­ша­та ша­хов­ска јав­ност, но и по­ши­ро­ка­та, ќе оста­не­ше оси­ро­ма­ше­на и неинформирана, а за­бо­ра­вот ќе го по­кри­е­ше овој пер­и­од на нај­го­ле­ми­от ус­пех на македон­ска­та ша­хов­ска до­пис­на шко­ла – ве­ли Ха­џи-Ма­нев.

Кни­га­та е об­ја­ве­на со под­др­шка на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра, ка­ко про­ект од национа­лен ин­те­рес од об­ла­ста на ли­те­ра­ту­ра­та и из­да­вач­ка­та деј­ност за 2021 го­ди­на. Авто­рот и из­да­ва­чот им се бла­го­дар­ни на по­ве­ќе под­др­жу­ва­чи, на­ве­де­ни во кни­га­та, ка­ко и на ре­цен­зен­ти­те, ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от ша­хов­ски мај­стор (ИМ) Ди­ми­тар Или­ев­ски и ФМ Ди­ми­тар Ка­ча­ков­ски. Г.И.


3 views

Comments


bottom of page